24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Луис Енрике: Ова е специјален момент за ПСЖ, а Дембеле ги заслужи сите признанија

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не ја криеше својата радост по убедливата победа од 4-0 над Реал Мадрид и пласманот во финалето на Светското клупско првенство. Тој изјави дека ова е посебен момент за него и за неговиот тим.

„Се чувствувам одлично. Секогаш е тешко да се игра во вакви услови против Реал Мадрид. Многу сум задоволен. Тешко е да се игра во брзо темпо, особено во овие услови – премногу е жешко. И двата тима дадоа сè од себе; ова е посебен момент за нас и ја заслуживме победата“, рече Луис Енрике.

Тој не штедеше комплименти за Oсман Дембеле, кој го постигна својот 35-ти гол оваа сезона.

„Првпат можевме да сметаме на него како стартер, тој е како и сите други играчи. Влегува во форма, според мене, тој е најдобриот играч оваа сезона, дури и со голема разлика. Заслужува да ги освои сите индивидуални признанија; даде сè од себе за тимот“, коментираше шпанскиот стратег.

На крајот се осврна и на претстојното финале со Челзи.

„Нè чека уште еден чекор, натпревар против одличен тим како Челзи, кој игра одлично на ова натпреварување. Сакаме да закрепнеме и да испишеме историја за нашиот клуб, а потоа да одмориме“, заврши Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести