Тренерот на европскиот шампион Пари Сен Жермен, Луис Енрике, доживеал инцидент во петокот, откако паднал од својот велосипед. Шпанецот бил пренесен во болница, каде што му била укажана лекарска помош, но повредата воопшто не е наивна затоа што заработил скршеница на клучната коска.
Францускиот клуб во своето соопштение не прецизираше колку долго шпанскиот стратег ќе отсуствува од тренинзите на тимот. Многу веројатно е дека Луис Енрике ќе мора да замине на операција за санирање на повредата.
Пари Сен Жермен се враќа на натпреварите на 14 септември (недела), кога ќе се соочи со Ленс во Лига 1.