Луис Енрике по првиот пораз: Посакувам да имаме 30 шанси и против Арсенал

Веќе нема непоразени екипи сезонава во Топ 5 лигите откако ПСЖ синоќа загуби дома од Ница со 1-3, но за Светците ова не е трагедија, титулата им е обезбедена, во мислите им е полуфиналето од Лигата на шампионите против Арсенал.

„Разочарани сме, но фудбалот е таков. Честитки за Ница која одигра многу добар натпревар. Тие се бранеа многу добро, имавме 30 шанси. Би сакале и против Арсенал да создадеме 30 шанси. Ница одигра исклучително добро во одбраната, но требаше да го добиеме овој натпревар. Мислам дека резултатот не е праведен“, изјави тренерот Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести