Луис Енрике: Подготвени сме на секоја варијанта

Пари Сен Жермен е фаворит за влез во полуфиналето во дуелот против Астон вила, но сепак на теренот треба да се одработи влезот меѓу четирите најдобри клубови за оваа сезона во елитното натпреварување на УЕФА. Францускиот првак победи со 3:1 во првиот меч и сега на гости ќе треба да ја одбрани оваа залиха.

„Сакаме да ги решиме сите проблеми што Астон вила ќе ни ги зададе. Нашата цел е да победиме. Во вакви дуели ни фали мотивација. Мотивирани сме, сепак уште ништо не е решено. Подготовени сме на сите варијанти во реваншот. На крајот ќе видиме кој тим ќе биде подобар. Ќе биде опасно ако Астон вила брзо даде гол“, вели тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Астон вила по повеќе од 40 години е во оваа фаза во елитното натпреварување на УЕФА. Англичаните најавија дека нема да се предадат и дека негативата од 1:3 не е недостижна.

- Оглас -

Најнови вести