34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Луис Енрике: „Продолжуваме да создаваме историја, но тешко е да се освои ЛШ двапати по ред“

Фудбалерите на ПСЖ минатата сезона доминираа во францускиот, но и во европскиот фудбал, а оваа сезона веќе започнаа со трофеј, откако го освоија Супер купот на УЕФА.

Тренерот на „светците“, Луис Енрике, е свесен дека тешко некоја екипа може да го одбрани трофејот од Лигата на шампионите, но нивната цел е да продолжат да пишуваат историја.

„Мојата главна цел од првиот ден кога стигнав тука е да пишуваме историја. Во моментов тоа и го правиме, но многу е тешко една екипа двапати по ред да ја освои Лигата на шампионите. Тоа е нашата цел. Многу сме амбициозни. Знаеме дека ќе биде тешко, но нормално е да имаме ваков менталитет. Тоа зависи од нас. Не ни требаат многу фудбалери. Таа работа ја завршивме пред година или две. Сепак, мора да останеме отворени за трансфери, но немам никакви проблеми. Мора да бидеме мирни, тивки.“ – вели тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во пресрет на стартот на новата сезона во Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести