17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Луис Енрике промовиран во нов тренер на ПСЖ!

Пари Сен Жермен го претстави својот нов тренер Луис Енрике. Шпанецот, кој има 53 години, потпиша двегодишен договор со францускиот првак, а на клупата на Светците го наследи Кристоф Галтие.

Енрике рече дека е среќен што дошол во овој клуб, што ќе живее во Париз и ќе учи нов јазик и најави дека ПСЖ ќе игра напаѓачки фудбал. Тој додаде и дека ПСЖ сигурно ќе има многу силен тим, без разлика дали во составот ќе биде Килијан Мбапе или не. За Мбапе рече дека е под договор и би сакал да го има на располагање, но „може да се случи нешто“.

И претседателот Насер Ал Келаифи беше прашан во врска со Мбапе и рече дека нема шанса да го пуштат да си оди како слободен играч.

„Ние сакаме тој да остане, а ако и тој сака, мора да потпише нов договор. Ни вети дека нема да си оди како слободен играч. Не е наш проблем ако се премислил. Нема шанса да дозволиме еден од најдобрите на светот да си оди гратис“, рече Катарецот.

- Оглас -

Најнови вести