23.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Луис Енрике: „Првата титула секогаш е најтешка, но сега одиме и на втор трофеј по ред од ЛШ“

ПСЖ го освои првиот трофеј од Лигата на шампионите кога најмалку се очекуваше од нив. На избраниците на Луис Енрике им успеа она во што не успеаја кога во составот имаа ѕвезди од типот на Лионел Меси и Нејмар.

„Светците“ сега како бранители на трофејот го започнуваат новото издание на Лигата на шампионите со домашен меч против Аталанта, на кој несомнено дека се фаворити, а Луис Енрике не ги крие амбициите и вели дека започнува походот на вториот последователен трофеј од најквалитетното клупско натпреварување.

„Првата титула секогаш е најтешка бидејќи играчите не мислат дека се способни да ја освојат. Но, сега го знаеме патот. Сега целиот клуб и младите фудбалери сакаат да победат бидејќи знаат дека се способни. За мене е потешко да се освои првата титула, отколку втората или третата. Откако лани триумфиравме во Лигата на шампионите, нашата цел, заедно со клубот, градот и навивачите, повторно е да напишеме историја и да освоиме втор последователен трофеј. Мора да бидеме амбициозни“, вели Луис Енрике во пресрет на натпреварот против Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести