Луис Енрике распали: Не може да победуваме на секој меч и да ги освоиме сите титули

Пари Сен Жермен вечерва на свој терен игра против Лил во меч од 18-тото коло на француското првенство. Светците моментално се на второто место на табелата со еден бод помалку од лидерот Ленс, додека нивниот вечерашен противник Лил е на четвртото место на табелата.

Актуелниот француски и европски првак пресметката против Лил ја чека по елиминацијата во Купот на Франција. Неочекувано, ПСЖ дома загуби од градскиот ривал Париз и остана без еден од потенциралните трофеи за оваа сезона.

„Дали поразот од Париз е пресвртница? Не. Ако имам сомнежи во врска со тимот, подобро е да си заминам. Можам да ги прифатам вашите сомнежи, но не ги разбирам. Во што е проблемот? Дали мислите дека ќе победиме на секој натпревар и ќе ги освојуваме сите титули? Фудбалот не е таков. Мора да го прифатиме она што го направивме. Немам сомнежи во врска со нашиот тим и начинот на којшто сакаме да играме. Знаеме колку ќе биде тешко против Лил. Ние сме истиот тим како минатата година, како и во летото“, рече Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести