Луис Енрике: Речиси ништо не знаете за фудбалот, целта на сите четири тима е финале

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не мисли дека неговиот тим е фаворит против Борусија во Дортмунд на утрешниот меч од полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони и ги нападна новинарите.

„Верувам дека за четирите тима кои се во полуфиналето секаков резултат освен пласман во финалето би бил разочарување. И кај нас не е ништо поразлично. Видете, тоа што сите пишуваат дека сме огромни фаворити, е доказ дека медиумите речиси ништо не знаат за фудбалот, јас тоа го кажувам подолго време“, рече шпанскиот стручњак.

Четвртфиналињата Барселона – ПСЖ и Дортмунд – Атлетико Мадрид беа отворени, со многу голови, а Енрике очекува ефикасност и во полуфиналето.

„Мислам дека ќе биде ефикасно. Не е во нашата концепција да калкулираме. Дортмунд исто така. Мислам дека ќе биде спектакуларно, ќе има голови со оглед на способноста на двете екипи да создаваат шанси“, додаде Енрике.

ПСЖ на гостувањето кај Борусија во групната фаза одигра 1-1, а добија и услуга од Милан против Њукасл за да се пласираат во осминафиналето како второпласирани во групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести