Луис Енрике се огласи по информациите дека веќе размислува да си замине од ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не е среќен од случувањата во клубот околу Килијан Мбапе и веќе размислува да си замине од клубот во кој дојде само пред еден месец, пишуваат шпанските медиуми.

Енрике сака да го има на располагање целиот состав за првиот меч од лигата на 12 август, а уште не знае дали ќе може да смета на Мбапе или не. Ако не, бара од клубот да доведат напаѓачи. Едниот ќе биде Осман Дембеле, а вториот се зборува дека ќе биде Гонсало Рамош, по што Мбапе треба да биде продаден доколку тој прифати трансфер.

Од ПСЖ тврдат дека шпекулациите за можно заминување на Енрике се лажни и немаат смисла, а и самиот тренер се огласи на „Инстаграм“. Објави фотографија со своите помошници и во стил на мускетарите порача: „Еден за сите, сите за еден“

- Оглас -

Најнови вести