Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше многу разочаран по поразот на свој терен од Ливерпул. Францускиот гигант згуби со 0:1, иако доминираше на теренот. ПСЖ создаде многу шанси, но не постигна гол, а пред крајот на средбата, Ливерпул преку контранапад даде гол и победи.
„Тешко е да се анализира овој меч. Ова беше многу неправедно. Бевме подобри од Ливерпул, создадовме многу шанси, и тоа против една од најсилните екипи во Европа. Фудбалот понекогаш е нефер. Ова беше само прв меч и покрај овој резултат, верувам дека може да го елиминираме Ливерпул. Немаме што да загубиме во реваншот. Ако одиграме како вечерва, ќе се пласираме во четвртфиналето. Затоа верувам дека на „Енфилд роуд“ може да победиме“, вели Енрике.
Реванш-мечот ќе се игра на 11 март во Ливерпул, а англискиот гигант ќе има предност од 1:0.