Луис Енрике: Уште лани им реков на играчите дека треба да имаат шутнато барем 1.000 пенали пред да дојдеме во Катар

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, знае дека дуелот против Мароко ќе биде тежок и дека неговите фудбалери треба да бидат подготвени на секакво сценарио, па дури и на тоа дека победникот ќе се бара по изведување на пенали. Енрике вели дека повеќе од една година траат подготовките на шпанските репрезентативци за моментот ако треба да се изведуваат пенали.

„Претпоставувам дека и Мароканците се подготвуваат за такво можно сценарио. Пред повеќе од една година, за време на една репрезентативна пауза, на своите играчи им реков дека во Катар треба да пристигнеме барем со 1.000 изведени пенали на тренинзите. Предоцна е ако сега решите да почнете да се подготвувате за изведување на пенали. Тоа е момент на максимална напнатост кој може да го издржи само фудбалер кој има цврсти нерви за да шутне онака како што тој сака, како да шутирал 1.000 пати претходно. Пеналите имаат сè помалку врска со среќата. Тие кажуваат многу за играчот што шутира, за неговиот тренинг, за тоа како се носи со притисокот“, објаснува Енрике пред мечот со Мароко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести