Луис Енрике со предупредување до своите фудбалери пред мечот со Брест

Францускиот двобој помеѓу Брест и ПСЖ и официјално ќе ја отвори плеј-оф рундата од Лигата на шампионите. Тренерот на „светците“, Луис Енрике, за разлика од многумина, не очекува дека лесно ќе ја минат пречката наречена Брест, со оглед на одличните игри кои ги прикажаа во домашното првенство.

„Минатата сезона тие беа една од најдобрите екипи во првенството на Франција, а до оваа фаза дојдоа на навистина импресивен начин. Не знам што ќе се случи во вторник, но свесни сме за важноста на овој двобој. Не победува секогаш екипата која игра подобро. Брест е ефикасна екипа, но ние сакаме да го играме нашиот препознатлив стил. Нѐ очекуваат два натпревари, а само една од овие две француски екипи ќе мине понатаму. Ние сме фаворити, но фудбалот е игра на изненадувања.“ – рече Луис Енрике во пресрет на мечот против Брест.

- Оглас -

Најнови вести