32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Луис Енрике: Веруваме дека можеме да ги освоиме сите можни трофеи

Пари Сен Жермен и Тотенхем утревечер во италијанскиот град ќе играат меч од Суперкупот на УЕФА, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за целите на парижаните за претстојната сезона.

Минатата сезона ПСЖ ги освои првенството и Купот на Франција, како и Лигата на шампионите.

„Целта за претстојната сезона е да се подобриме. Што се однесува до титулите, ќе биде потешко бидејќи ќе мора да се бориме за повеќе. Но, во однос на фудбалот, мислам дека ќе се подобриме и во нападот и во одбраната. Сè уште имаме време да разбереме во кои аспекти од играта треба да се подобриме. Сакаме да бидеме подготвени да се бориме за сите трофеи. Веруваме дека можеме да ги освоиме сите можни трофеи и да го повториме нашиот подвиг. Ако успееме, ќе влеземе во историјата и тоа нè мотивира уште повеќе“, рече Шпанецот.

- Оглас -

Најнови вести