Тренерот на Пари Сен Жермен, шпанскиот стручњак Луис Енрике, на прес-конференцијата пред утрешното дерби со Монако ги искоментира настапите на тимот по заминувањето на ѕвездата Килијан Мбапе.
„Бев многу храбар на крајот на минатата сезона кога ви кажав дека ќе имаме подобар напад и подобра одбрана без Мбапе. Постојано го кажувам тоа и бројките го потврдуваат. Сите го посакуваат Килијан во својот тим, но ние реагиравме позитивно по неговото заминување, на спектакуларно ниво. Сакав повеќе различни играчи да постигнуваат голови. Задоволен сум од зрелоста на тимот“, рече Енрике.