Селекторот на шпанскиот национален тим, Луис Енрике, не ги крие симпатиите кон Италија пред вечерашното полуфинале помеѓу неговата селекција и Аѕурите. Енрике призна дека ако Шпанија биде елиминирана, во финалето ќе навива за Италија.
„Ја напуштив Рома по сопствена волја, клубот тогаш сакаше да останам. Тоа беше моја одлука, така што немам никакви одмазднички мисли. Многу ми се допаѓа Италија, секогаш ја посетувам со задоволство. Одлично е што ќе се исправиме против тимот на Манчини. Ќе се сретнеме повторно и во октомври во Лигата на нациите, и тоа ме радува. Ако победиме, ќе биде прекрасно, а ако противникот победи, тогаш ќе стискам палци за Италија во финалето“, изјави Енрике.