Луис Енрике во ПСЖ пристигна за да ја освои ЛШ, а сега сите се шокирани од неговата изјава

Луис Енрике беше доведен на клупата на ПСЖ со една единствена цел – да ја освои Лигата на шампионите. Долгогодишниот сон на катарските сопственици на клубот не успеа да им се исполни ниту со ангажманот на Меси и Нејмар, кои веќе си заминаа од клубот.

Сепак, шпанскиот тренер во пресрет на дуелот со Борусија Дортмунд во рамките на првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите даде изјава која воопшто нема да им се допадне на катарските шеици.

„Никогаш не е добар знак кога некој клуб е опседнат со нешто. Може да имаш амбиција нешто да освоиш, но не да бидеш опседнат. Тоа никогаш и никому не му донело ништо добро. Опседнатоста е многу лоша во кој било сегмент од животот, а посебно во фудбалот. Тоа во иднина не смее да се случува“, изјави Луис Енрике.

 

- Оглас -

Најнови вести