Луис Енрике: „Задоволен сум од резултатот, ова е нашата ДНК“

Екипата на ПСЖ со предност од два гола ќе патува на реваншот кај Астон вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Гостите од Бирмингам иако први дојдоа во водство на „Паркот на принцовите“, сепак домашните направија комплетен пресврт и победија со 3-1, а тренерот на ПСЖ вели дека се задоволни од резултатот, но реваншот ќе биде тежок.

„Тие постигнаа гол кој беше тешко да се одбрани. Сепак, знаевме дека мора да го добиеме овој меч, а голот во последните моменти само ни ја крена самодовербата. Мора да размислуваме за реваншот, кој сигурно ќе биде доста тежок. Важно е да веруваме во себе, а овие три гола се одлични. Многу сме задоволни од резултатот. Ќе биде тешко на ‘Вила парк’, но ќе играме на ист начин, тоа е во нашата ДНК. Имаме одлични и амбициозни фудбалери и затоа се обидуваме да победиме на секој меч. Нашите навивачи беа одлични и овојпат. Ова беше навистина добар ден за нас“, задоволно изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по победата над Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести