Луис Хамилтон е казнет, утре ќе стартува како петти (Видео)

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше казнет од стјуардите со три позиции, и наместо од втората, на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Австрија, ќе тргне од петтата позиција. Деветата трка годинава се вози утре со почеток во 15:10 часот.

Причина за казната е потегот на пилотот кога го затвори Кими Раиконен за време на квалификациите, и со тоа испровоцира реакција на Финецот, кој му покажа среден прст на Британецот.

После казната, на стартните четири позиции ќе бидат Леклер, Ферстапен, Ботас и Норис. Хамилтон ќе биде петти, а Магнусен кој имаше петто време на квалификациите, ќе тргне десетти, веднаш зад Себастијан Фетел кој имаше проблемо со Ферарито. И Магнусен е казнет и тоа со пет места поназад, за менување на дел од моторот.

Погледнете ја ситуацијата поради која Хамилтон е казнет и текст од разговорот на Раиконен со својот тим:

https://twitter.com/i/status/1145000155495710727

- Оглас -

Најнови вести