29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Луис Суарес доби суспензија од девет натпревари

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарес, доби дополнителна суспензија од три натпревари во МЛС-лигата по инцидентот во финалето на Лига купот против Сиетл на 31 август. По поразот на својот тим со 3-0, Уругваецот се караше на теренот и плукна по член на тренерскиот штаб на противникот.

Како резултат на тоа, Суарес ќе ги пропушти мечевите против Шарлот (13 септември), Сиетл (16 септември) и Ди Си Јунајтед (20 септември). Претходно дисциплинската комисија на Лига купот го суспендира и на шест натпревари во идните изданија на тоа натпреварување.

Фудбалерот набрзо се огласи на социјалните мрежи со извинување.


„Тоа беше момент на голема фрустрација и тензија веднаш по натпреварот. Тоа не ја оправдува мојата реакција. Направив грешка и искрено се извинувам. Тоа не е сликата што сакам да ја оставам пред моето семејство и клубот“, изјави Суарес.

Интер Мајами исто така го осуди однесувањето на својот играч и упати официјално извинување.

Дополнителни суспензии добија и Серхио Бускетс (три натпревари) и Томас Авилес (три натпревари).

- Оглас -

Најнови вести