19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Луис Суарес е жестоко казнет за инцидентот против Сиетл! (Видео)

Интер Мајами го загуби финалето од северноамериканскиот Лига куп во кој учествуваат екипи од САД и Мексико, но по завршувањето на натпреварот настана мешаница помеѓу двете екипи.

Луис Суарес го плукна во лице помошникот тренер на Сиетл, па заработи казна од шест натпревари, додека Бускетс е казнет со два меча, а нивниот соиграч, Авиљес со три.

Казна доби и помошникот тренер на Сиетл, кој беше плукнат. Тој ќе паузира на пет натпревари.

Full post-match melee between Seattle Sounders and Inter Miami
byu/Goosedukee insoccer

Сепак, може да се случи Луис Суарес воопшто и да не паузира, бидејќи санскциите се однесуваат само за ова натпреварување, а следното издание е во 2026 година. Се уште е непознато дали Интер Мајами воопшто и ќе учествува, но и дали Уругваецот ќе остане во екипата, бидејќи договорот му истекува на крајот од оваа година.

- Оглас -

Најнови вести