Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес го одигра својот последен меч за Гремио, а простувањето од бразилската лига го имаше со два гола и победа против Флуминенсе.
Последниот гол на Суарес во дресот на Гремио се случи на најпознатиот стадион на светот, „Маракана“ во Рио, а погодокот беше специјален. Суарес погоди од пенал и во стилот на Паненка, со поткопување на топката го измами голманот.
https://twitter.com/i/status/1732583750737768935