Дончиќ експресно стаса до 5 илјади поени и доби интересна порака (Фото+Видео)

Лука Дончиќ е четвртиот најмлад кошаркар во историјата на НБА лигата што успеал најбрзо да стаса до 5 илјади поени во кариерата, откако ноќеска со 24 поени против Кливленд кавалирс успеа да стаса до магичната бројка.

Пред Словенецот се три големи ѕвезди што се уште се активни, а ги предводи Леброн Џејмс.

https://twitter.com/Mavs_FFL/status/1390830515880665091?s=20

Пред Лука, освен Кралот Џејмс се и Кевин Дурант и Кармело Ентони, што е убаво друштво и големо признание за кошаркарот на Далас.

На трибините имаше интересна парола за Дончиќ и симпатично барање од навивач на Далас маверикс по победата против Кливленд од 110:90.

 

- Оглас -

Најнови вести