Лука Дончиќ и официјално потпиша со Џордан

Лука Дончиќ, еден од најдобрите НБА играчи сезонава, и официјално потпиша спонзорски договор со „Ер Џордан“. Една од најпопуларните спортски компании во САД потврди дека Дончиќ стана дел од нивното „семејство“.

Во претходните неколку дена се најавуваше овој договор, а шпекулациите беа дека се работи за вредност од 100 милиони евра. Од „Ер Џордан“ официјално не сакаат да коментираат за сумата, ниту времетраењето на договорот.

„Голема чест е да се биде дел од семејството на „Ер Џордан“. Се радувам на соработката и се надевам дека ќе имам позитивно влијание на овој голем бренд“, рече Дончиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести