Лука Дончиќ одигра уште еден блескав меч, но, за жал, неговиот Далас беше поразен во дуелот со Сакраменто со 113:120. Словенечкиот тинејџер едноставно го имаше на сите страни на теренот, па дуелот го заврши со 28 поени, што е за три поени помалку од израмнување на личниот рекорд по бројот на дадени поени на еден меч во НБА-лигата. Покрај 28-те поени, Лука имаше и девет асистенции, шест скокови и една украдена топка.
Бројките кои се забележани зад името на Дончиќ се речиси неверојатни. Тој стана само шестиот тинејџер во историјата на НБА-лигата со такво постигнување на еден меч.
With 28 points/9 assists/6 rebounds/1 steal @luka7doncic becomes only the sixth teenager in NBA history with those totals. pic.twitter.com/FqtlGFe4aV
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 17, 2018
И Денвер има свој херој од Балканот. Никола Јокиќ беше незадржлив и на крајот заврши со 26 поени, девет скока и 4 асистенции во победата над Торонто. Клучна за мечот беше последната четвртина, кога Денвер одигра одлично во одбраната и го задржа Торонто само на 14 постигнати поени.
Леброн Џејмс делуваше изгубено во Вашингтон, па неговиот Лос Анџелес лејкерс лесно загуби со 18 поени разлика. Ѕвездата на Лејкерс едноставно немаше своја вечер, па за 33 минути на теренот, даде само 13 поени, а имаше и шест скока и три асистенции.
Резултати: Бруклин – Атланта 144:127, Кливленд – Филаделфија 105:128, Индијана – Њујорк 110:99, Вашингтон – ЛА лејкерс 128:110, Далас – Сакраменто 113:120, Њу Орлеанс – Мајами 96:102, Денвер – Торонто 95:86.