Лука Дончиќ со триумф ја почна ерата во ЛА лејкерс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја победија Јута џез на домашен терен со 132-113, а натпреварот го одбележа дебито на Лука Дончиќ. Словенецот неодамна пристигна во Лос Анџелес од Далас маверикс во спектакуларна размена, а синоќа првпат заигра заедно со еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс.

Дончиќ мина 23 минути на паркетот и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување. Постигна 14 поени, додаде пет скока и четири асистенции.

ЛА лејкерс одлично го отворија натпреварот и веќе по првата четвртина имаа предност од 12 поени. До полувремето разликата само се зголемуваше, па веќе тогаш победникот беше познат (72-47).

Во продолжението Јута успеа само малку да го ублажи високиот пораз.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај ЛА лејкерс со 24 поени, додека Ривс додаде 22. Единствените расположени играчи кај Јута беа Колинс и Марканен со по 17 поени.

ЛА лејкерс моментно е на четвртото место во Западната конференција на НБА-лигата со 32 победи и 19 порази, додека Јута е на 14-тата позиција со биланс 12-40.

- Оглас -

Најнови вести