Лука Дончиќ вечерва изедначи НБА рекорд кој го држеше Мајк Џордан

Лука Дончиќ на вечерашниот меч на Далас маверикс против Њу Орлеанс пеликанс, го стигна Мајкл Џордан по бројот на натпревари едноподруго на кои еден кошаркар имал барем 20 поени и по пет скока и асистенции. Џордан и Дончиќ имаат по 18 меча, а 20-годишниот Словенец на следниот меч на Дивите телиња може да постави и нов рекорд.

Неговата сестраност и бројките кои ги има сезонава Лука, го прават ѕвезда каква што ретко се гледа, особено од некој што не е Американец, и има само 20 години. На дуелот со Пеликанс, Лука за само 22 минути игра нареди 24 поени, шест скока и седум асистенции. Лука веќе има 2.000 поени во НБА, а за тоа му требаа 88 меча. Само Џордан побрзо стигна до таа бројка, а Дончиќ ги надмина Леброн Џејмс и Кевин Дурант кои досега беа на второ и трето место.

- Оглас -

Најнови вести