Во кошаркарската НБА-лига вечерва по полноќ ќе се играат десет натпревари, а најголем интерес предизвикува дуелот на Далас маверикс и Лос Анџелес лејкерс бидејќи Лука Дончиќ за првпат ќе гостува во Далас по трампата со која замина во Лејкерс.
Во тимот на Маверикс ќе биде Ентони Дејвис, кој првпат ќе игра против Лејкерс по истата трампа во која беше вклучен Дончиќ, со која Езерџиите го испратија во Далас.
Словенецот вели дека не знае што да очекува и дали ќе добие аплаузи или свирежи, но знае дека ќе биде емотивно што во Далас, кој беше негов терен неколку години, првпат ќе биде во улога на гостин.
На другите поинтересни мечеви, Бостон ќе се обиде да ја извојува 60-тата победа сезонава, ЛА клиперс оди по шестата победа по ред, но од другата страна на теренот ќе им биде Хјустон, кој е втор на Западот. Денвер предводен од новиот тренер Аделман гостува во Сакраменто со надеж дека ќе ја премине црната серија од четири порази едноподруго.
Во понудата на Sport Life има и голем број кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат. Кај Лука Дончиќ хендикеп границата е поставена на 31,5 поени, а кај Веѓата Ентони Дејвис е на 26,5 поени, па може да погодувате и на нив како ќе се снајдат против своите неодамнешни тимови кои добро ги познаваат.