Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, на дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во игра влезе во 75-тата минута, а со тоа се запиша и во историјата на „кралскиот“ клуб. Модриќ сега е највозрасниот фудбалер кој настапил во Лигата на шампионите за Реал Мадрид со 38 години и 234 дена, со што го надмина легендарниот Ференц Пушкаш, кој пред 60 години настапи на возраст од 38 години и 229 дена.
Рекордот на Модриќ сигурно дека ќе бида подобрен и на реваншот, а доколку Реал го елиминира Баерн, и во финалето од Лигата на шампионите.
Дуелот против Баерн Минхен за Лука Модриќ беше 126-ти во Лигата на шампионите, со што се најде на 16-тото место на вечната листа. Најблиску пред него е Жерард Пике со 128 настапи. Во дресот на Реал Мадрид има 118 настапи во најелитното клупско натпреварување и е на петтото место.