11.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Лука Модриќ: „Трансфер од Реал во Милан е чекор назад, но не погрешив“

Лука Модриќ минатото лето ја заврши епизодата во Реал Мадрид, но одлучи да ја продолжи кариерата, а не да оди во пензија и потпиша за Милан. Хрватот вели дека ниту еден клуб во светот не може да ги замени Кралевите, но смета дека направил вистински избор со потписот за Милан.

„Секогаш кажувам, по Реал каде и да одиш – тоа е чекор назад. Во тоа немам сомнеж и сите фудбалери може да го потврдат. Мислам дека дојдов во клуб кој според историјата и угледот, е многу блиску до Реал Мадрид, а за мене тоа е идеална ситуација. Го сакам Милан, како дете пораснав со италијанскиот фудбал. Милан беше екипата која најмногу ја сакав. Кога ми се укажа шанса да дојдам во Милан, тоа беше вистинското за мене. Градот е преубав, луѓето феноменално ме пречекаа, како во клубот, така и надвор. Соиграчите, тренерите, навивачите – сè е на високо ниво. Се гледа дека ова е клуб со историја и еден од најголемите во светот“, рече Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести