34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Лука утна пет обиди за тројка по ред, па кога погоди од „шеста мајка“, имаше хит реакција (Видео)

Далас маверикс излегува од длабоката криза, синоќа ја победија Минесота со 127-122, па од претпоследно место на Западот се искачија на 13-то место. Лука Дончиќ се мачеше со шутот од далечина, ги утна првите пет шута за тројка, а кога конечно погоди од шестиот обид, на почетокот на последната четвртина, и водството на својот тим го зголеми на 23 поени реазлика, му олесна и прослави со своите соиграчи.

Словенецот имаше 26 поени, осум скока, пет асистенции, но и седум загубени топки. Затоа и прослави кога конечно погоди тројка.

https://twitter.com/i/status/1359034248179638272

- Оглас -

Најнови вести