Лукаку го одржа ветувањето: Донираше 5.000 билети за дуелот со Кипар

Прекрасен гест со кој Ромелу Лукаку ја покажува хуманоста. Белгискиот голгетер го одржа ветувањето и донираше 5.000 билети и ќе бидат поделени за две хуманитарни организации кои се борат против дијабетес и канцер.

Лукаку вети дека ќе го стори ова откако ќе го постигне јубилејниот 50-ти погодок во дресот на Белгија, а го запиша пред неколку дена во победата од 4-1 против Русија.

Билетите важат за вечерашниот дуел меѓу Белгија и Кипар кој ќе се одигра во Брисел, последен од квалификациите за ЕП 2020, по кој Ѓаволите ќе го слават пласманот на финалниот континентален турнир.

Белгија воедно против Кипарците има шанса да го повтори успехот на Италија и да ја запише 10-тата победа во квалификациите на исто толку натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести