Лукаку го постигна најсмешниот гол во кариерата (Видео)

Интер очекувано славеше против Лудогорец (2:1) и во вториот меч од нокаут-фазата во Лигата на Европа и италијанскиот тим помина во следната фаза. Дуелот на „Џузепе Меаца“ се играше пред празни трибини поради тоа што во Милано има засилен степен за претпазливост од Коронавирусот.

Бугарите поведоа со голот на Соуза во 26-тата минута, но до крајот на првиот дел, Нераѕурите направија комплетен пресврт. Најпрво погоди Бираљи, а во последните моменти од првиот дел гол даде и Лукаку. Погодокот кој го постигна белгискиот интернационалец сигурно е најсмешниот на вечерашните дуели во Лигата на Европа.

Ако сакате да го видите најневеројатното промашување, не само вечерва, туку во целата сезона во ЛЕ, погледнете ТУКА што се случуваше на дуелот Еспањол – Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести