Лукаку потпиша договор до 2023 година, но не со Челзи

Ромелу Лукаку одлучи по две години да си замине од Интер, а сега се чека белгискиот репрезентативец да се врати во Челзи. Лондонскиот тим се очекува да плати 115 милиони евра за доведување на голгетерот, кој денеска го стави потписот на еден друг договор.

Лукаку моментно е во Монако каде го продолжи договорот со својот агент Федерико Пасторело. Тоа значи дека Пасторело ќе го застапува Лукаку до јуни 2023 година.

Следната заедничка мисија на Лукаку и неговиот агент е да го комплетираат договорот со Челзи, каде се очекува напаѓачот да заработува по 12 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести