Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Њукасл со 2-0. „Црвените ѓаволи“ ја остварија четвртата победа во низа во Премиер лигата откако клупата ја презеде норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер.
По израмнетите сили во првиот дел, гостите конечно погодија преку Лукаку во 64-тата минута, а белгискиот стрелец го постигна својот втор гол на вториот по ред настап и полека ја враќа формата. Рашфорд го реши победникот на „Сент Џејмс парк“ на десетина минути пред крајот.
Јунајтед со оваа победа практично се врати во трката за позициите кои водат во Европа, имаат 38 бода по 21 натпревар, пред нив е петтопласираниот Арсенал со три бода (41) повеќе.
Средбата на „Виталити“ меѓу Борнмут и Ватфорд започна петнаесетина минути од предвиденото, а тоа беше мечот на кој се постигнаа шест погодоци по првиот дел. Сепак, мечот заврши без победник при 3-3, мрежите мируваа во вторите 45 минути.
https://www.dailymotion.com/video/x6zwlk8
https://www.dailymotion.com/video/x6zwnfx