28.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Лукаку се повреди и ќе го пропушти стартот на Серија А

Ромелу Лукаку се повреди на денешниот пријателски натпревар против Олимпијакос и најверојатно ќе го пропушти првиот меч на Наполи во сезоната, објавија италијанските медиуми.

Првичните сомнежи се дека станува збор за истегнување или повреда на бутниот мускул, што, доколку се потврди, ќе го извади Лукаку од комбинација за првиот натпревар во Серија А против Сасуоло.

Тоа би бил голем удар за Наполи. Актуелниот шампион на 23-ти август на „Мапеи стадион“ ја почнува одбраната на титулата во Серија А.

Белгиецот беше клучен во успехот за Скудетото, постигнувајќи 14 гола и 10 асистенции на 36 настапи во Серија А за Наполи.

Во случај Лукаку да отсуствува, новото засилување Лоренцо Лука ќе биде најверојатната негова замена во нападот на мечот против Сасуоло на отворањето на новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести