Лукаку во Торино го очекува пекол: Што зборуваше белгиецот пред две години за Јувентус

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, се одлучи на изненадувачки трансфер и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Тој имаше понуда да остане во Интер, каде играше како позајмен од Челзи, клубовите дури и се договорија околу обесштетувањето, но Лукаку се одлучи да оди во најголемиот ривал на клубот со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Сепак, белгиецот во Торино нема да биде добредојден, бидејќи пред две години го напаѓаше Јувентус во медиумите.

– “Јувентус? Никогаш не би играл за нив. Се обидоа да ме купат и малку му се налутив на мојот агент, бидејќи знаеше дека никогаш не сакав да преговара со тој клуб. За мене постои само Интер, дури и Јувентус да ми дава подобри услови. И во иднина ќе играм само за Интер или ќе се вратам во Андерлехт.“ – рече Лукаку во 2021-вата година.

https://twitter.com/PlayersSayings/status/1680651418292609026?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1680651418292609026%7Ctwgr%5E9bac9d6d3934329929dcce77db0f5e1b684e2105%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fromelu-lukaku-juventus-transfer-izjava-navijaci-bijes%2F454703

- Оглас -

Најнови вести