Љупчо Марковски повеќе не е тренер на Шкендија Арачиново

Фудбалскиот второлигаш Шкендија Арачиново објави дека ја прекина соработката со тренерот Љупчо Марковски-Калц.

Оваа одлука на раководството на Шкендија е откако тимот освои само еден бод во последните две кола. Арачиновци на гости против лидерот Охрид одигра без голови, а потоа пред своите навивачи загуби со 0:1 од Скопје.

Шкендија Арачиново е на второто место на табелата во Втора лига и има реално шанса да се бори за влез во Првата лига. Тимот обезбеди и пласман во полуфиналето на Купот и е во трка за освојување на тој трофеј.

- Оглас -

Најнови вести