Фудбалерите на Лутон приредија големо изненадување со победата над Њукасл од 1:0 во 18-то коло во Премиер лигата.
Творец на изненадувањето на „Кенилворт роуд“ беше Андрос Таусенд кој во 25-та минута го постигна единствениот гол на мечот.
По поразот, најбогатиот клуб во Премиер лигата остана на седмото место со 29 бода, дури десет помалку од лидерите Арсенал и Астон вила.
Rebecca Welch making history at Fulham as the first ever female Premier League referee #FULBUR pic.twitter.com/ytA4a8iCx9
— Isabelle Latifa Barker (@Isabellelatifa) December 23, 2023
Дуелот кој се играше на „Крејвен котиџ“ меѓу Фулам и Барнли ќе влезе во историјата на Премиер лигата бидејќи го судеше жена. Ребека Велч стана првата жена која делела правда на натпревар во Премиер лигата, но домашните навивачи нема по добро да го паметат мечот бидејќи Барнли славеше со 0:2. Одоберт и Берге со двата гола во второто полувреме обезбедија триумф на Барнли.
Тотенхам со два гола во првите 20-тина минути ги реши дилемите околу победникот во дуелот со Евертон. Ришарлисон во деветтата и Хјонг-Мин Сон во 18-та минута му донесоа предност на Тотенхем од 2:0.
Во второто полувреме, гостите доминираа и постигнаа гол преку Гомес во 82-та минута, но не успеаја да дадат уште еден и да се спасат од пораз.
Нуно Еспирито Санто со пораз дебитираше на клупата на Нотингам форест. Неговиот тим загуби со 2:3 од Борнмут чиј херој беше Доминик Соланке кој ги даде трите гола за својот тим.