Мачење и против Чиле, но овојпат победата е достижна

Македонската ракометна репрезнетација има негатива од 16-17 по првото полувреме на дуелот со Чиле. Ова е меч кој треба да одреди дали Македонија ќе оди во следната фаза (со победа) или ќе продолжи во претседателскиот куп (со пораз или нерешено).

Бледите игри против Шведска и Египет имаа негативен ефект врз тимот, па се мачиме и против Чиле, па по првите 30 минути е многу неизвесно, со два гола разлика како најголема предност која ја имаа Чилеанците. И Црвено-жолтите имаа две минимални водства, но имаат негатива на полувреме.

Примивме 17 гола, но голманот Никола Митревски е една од најсветлите точки во тимот на селекторот Брестовац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести