23.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Мачин ќе го спасува Еспањол од беда

Еспањол официјално го претстави Пабло Мачин за нов тренер на првиот тим. Екстренерот на Жирона и Севилја доаѓа на местото на Давид Далјего, кој летово беше назначен за предводник, а е разрешен од обврската поради катастрофалниот учинок на екипата само по осум кола во Ла Лига.

Со пет порази, две ремија и само еден триумф, Еспањол се наоѓа при дното на табелата, по што овој потег на раководството е сосема логичен. Екипата од Барселона ги загуби сите четири меча на домашен терен, а само против Ејбар успеа да освои три бода. Мачин ќе има шанса до крајот на сезоната да го спаси клубот од беда.

Неодамнешниот тренер на Севилја во текот на летото не најде ангажман по мерка откако му го препушти местото на Хулен Лопетеги на клупата на Андалузијците, па сега повторно ќе тактизира во шпанската елита.

- Оглас -

Најнови вести