Ливерпул по шести пат во клупската историја ја освои Лигата на шампионите, откако во финалето против Тотенхем славеше со 2-0. Погодоците вреддни за титула и европска круна ги постигна Мохамед Салах во втората и Дивок Ориги во 87-та минута од спектаклот на „Ванда Метрополитано“.
Екипќанецот ја затресе мрежата на Љорис од пенал кој беше досуден по само 22 секунди од самиот меч. Скомина ја казни интервенцијата на Сисоко со рака во шестнаесетникот, така што словенечкиот арбитар не му остана ништо друго освен да покаже кон белата точка.
Фуриозниот старт најавуваше супер-интересно финале, меѓутоа двете екипи во остатокот од средбата повеќе се фокусираа на тактизирање. Робертсон и Милнер се заканија по голот на Љорис, но обидите не беа успешни. На другата страна ударите на Али и Ериксен не беа кобни за Алисон.
Во моменти кога се чинеше дека еден гол ќе го одлучи мечот, џокерот од клупа на Клоп Дивок Ориги стави крај на сите дилеми во 87-та минута, па така започна славјето во оној црвен дел во Мадрид.