Мадрид плаче по мистериозната смрт на детето кое беше капитен на Атлетико

Кристијан Минчола е момчето поради кое во Мадрид е денеска посебно тажно. Во ден кога во Шпанија се бројат стотиците нови жртви од Коронавирусот, како бомба одекна дека во Мадрид почина талентираниот Кристијан кој имаше само 14 години. 

Момчето кое беше капитен на својата генерација кај Јорганџиите, почина, а засега не е јасно дали Коронавирусот е причина за неговата смрт или се работи за друга причина.

Роден на 19 февруари 2006 година, а од 2013 година како дел од академијата на Атлетико, Кристијан бил еден од надежите што требало во иднина да се појават во првиот тим.

„Се чувствувам беспомошно. Преплавени сме од ужасно чувство. Во последните неколку дена починаа неколку мои драги луѓе, некои се од Коронавирусот, некои од други причини. Ист е случајот и со Кристијан. Чувството за неправда е пресилно. На сите ни се скршени срцата“, рече претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.

И капитенот на Атлетико, Коке, преку социјалните мрежи се прости од малиот Кристијан.

„Животот не е фер. Горд сум што го носеше дресот на нашиот тим. Голема поддршка до семејството, пријателите и соиграчите. Почивај во мир“, напиша Коке.

- Оглас -

Најнови вести