Мадридиста до коска, Лука Дончиќ истовремено гледаше кошарка и фудбал и навиваше за Реал (Фото)

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Лука Дончиќ, е дете на Реал Мадрид. Таму како млад тинејџер ја почна кариерата, па љубовта кон својот некогашен клуб ја искажува во секоја прилика.

Словенецот синоќа објави фотографија на која има два телевизори еден под друг, и на двата се гледаат натпревари на Реал Мадрид. Дончиќ истовремено го гледаше Реал и имаше причини за задоволство.

Кошаркарите, меѓу кои има неколку негови поранешни соиграчи, го победија Макаби во Тел Авив и се пласираа на фајнал-форот на Евролигата во Белград. Интересно е што претходниот пат кога финалниот турнир се играше во главниот град на Србија, Реал стана првак, а токму Дончиќ беше прогласен за најкорисен играч.

Фудбалерите загубија од Манчестер сити со 3-4 во спектакуларен меч, но Кралскиот клуб веројатно е позадоволен од исходот и на реваншот во Мадрид може да направи дури тогаш Граѓаните да зажалат што синоќа не победија поубедливо и што утнаа многу шанси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести