35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Маестралниот волеј на Златан во дебито за Галакси избран за најдобар гол во историјата на МЛС-лигата (видео)

Фантастичниот волеј на Златан Ибрахимовиќ во неговото деби за тимот на ЛА галакси е избран за најдобар погодок во историјата на МЛС-лигата. Ова признание заврши во рацете на ѕвездата на Милан по две години откако се појави на фудбалската сцена во САД.

За мајсторијата да биде позначителна, Ибрахимовиќ ја оствари во градското дерби против Лос Анџелес за израмнување на 3-3, погодувајќи од околу 40 метри.

https://twitter.com/brfootball/status/1339602937648037889

- Оглас -

Најнови вести