Екипите на Барселона и Магдебург го комплетираа списокот со учесници на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, на кој се уште и Нант и Фихсе Берлин.
Најголемото изненадување го приреди токму Магдебург, кој после ремито на домашен терен, 26-26, успеа да слави на гостувањето кај Веспрем со 27-28 и да се пласира помеѓу најдобрите четири ракометни екипи во Европа.
Барселона со предност од 27-24 од првиот меч го пречека Пик Сегед во „Блауграна“, па и домашниот пораз од 29-30 беше доволен за „каталонците“ да се најдат на завршниот турнир и да го брани трофејот од минатата сезона.