Магдебург ќе биде ривалот на Фуксе Берлин во финалето на ракометната Лига на шампиони за мажи.
За да има германско финале во германскиот град Келн, Магдебург се погрижи со драматична минимална победа од 31-30 над актуелниот првак Барса и тоа со гол во последната секунда.
На една и пол минута до крајот, Каталонците водеа со 30-29, но двете исклучувања кои оправдано им ги доделија македонските судии Николов и Начевски, германскиот тим знаеше како да ги искористи и направија пресврт за финале.
Магдебург и преклани ја елиминираше Барса во полуфинале со еден гол разлика, и тогаш беше драматично, а тогаш станаа и шампиони, па може да се надеваат на повторување на историјата.