Магдебург знае како да освојува европска титула, Фуксе ќе чека друга шанса за сефте

Екипата на Магдебург го примени рецептот од пред две години, во полуфинале тешка победа над Барса, а во финале нешто полесен триумф за освојување на ракометната Лига на шампиони.

Попладнево во Келн, Магдебург го доби германското финале против Фуксе Берлин со 32-26 и покажа дека искуството е пресудно во вакви важни мечеви.

За Магдебург ова е трета европска титула по оние во 2002 и 2023 година. Фуксе првпат играше финале и не успеа да испише историја, иако пред мечот беа благи фаворити за победа.

Голманот Сергеј Ернандес имаше 17 одбрани и беше еден од клучните поединци кај Магдебург заедно со Кристијансон, Клар и Магнусон кои беа најефикасни.

- Оглас -

Најнови вести