Магичен кош на Миротиќ со звукот на сирената за победа во Истанбул (Видео)

Барселона останува единствена со перфектен биланс во кошаркарската Евролига откако во драматичен меч славеше на гостувањето во Истанбул против Фенербахче со 76:74. Турскиот тим одлично започна и поведе со 12:2 и имаше предност до средината на втората четвртина. Беше 27:20 за Фенербахче, кога Барселона направи серија од 15:2 и на полувреме замина со предност од 35:29.

Во второто полувреме, Барселона најчесто беше во предност, а во финишот имаше 74:69 кога Фенербахче со пет поени во низа, стигна до 74:74. Гостите имаа 6,2 секунди до крајот за да направат акција за победа. Топката дојде до Никола Миротиќ, кој делуваше дека е „заглавен“, но на чуден начин успеа да ја исфрли топката, која заврши во кошот, и тоа со звукот на сирената за победа на Барселона.

Во останатите мечеви коишто се играа вечерва: Монако – Црвена ѕвезда 70:62, Олимпијакос – Алба Берлин 87:83, Макаби Тел Авив – Жалгирис 76:62, Баерн – Милано 83:77.

 

- Оглас -

Најнови вести