Магична ноќ на Меси: хет-трик пред очите на мајка му, крена трофеј, пееше, плачеше (Видео)

Аргентина ја совлада Боливија со 3-0 во меч на кој блескаше капитенот на Гаучосите, Лионел Меси. Ѕвездата на ПСЖ ги даде сите три гола, тој постигна уште еден погодок, но му беше поништен. Но, не се само головите тие што оваа ноќ на „Монументал“ во Буенос Аирес ја направија специјална за Лео.

„Чекав толку многу време за да освојам важен трофеј со репрезентацијата. И сега кога дочекав да го славам освојувањето на Копа Америка пред очите на мајка ми и браќата кои беа на трибините, а исто така страдаа како мене во минатото, навистина е неверојатно и ме прави среќен“, изјави емотивниот Меси по мечот и почна да плаче.

Аргентинските фудбалери со 20-те илјади навивачи ја славеа победата над Боливија, но пречиси по 30 години го покажаа и пехарот од Копа Америка.

На сите мечеви од јужноамериканските квалификации за СП кои се играа рано утрово, победија домашните селекции. Бразил со 2-0 беше подобар од Перу, а Нејмар беше и стрелец и асистент.

https://www.youtube.com/watch?v=XXVAuN90MAw

- Оглас -

Најнови вести